Речиси 900 чувари се задолжени да чуваат 700 озлогласени затвореници во еден од најстрогите затвори „Црн делфин“, кој се наоѓа недалеку од границата меѓу Русија и Казахстан, заборавен од сите.
Интересно е тоа што во затворот има и затвореници осудени за канибализам, но чуварите велат дека досега никој не успеал да им помогне и дека смртта е единствен излез од еден од најобезбедуваните затвори.
Владимир Николаев во 1997 година бил осуден за двојно убиство и за канибализам. Полицијата го уапсила во 1996 година, а кај него пронашла тавче со остатоци од човечко месо. На неговиот балкон, во снег, чувал делови од тела кои планирал подоцна да ги јаде.
Ни неговите цимери во затворот не се ништо подобри од Николаев.
„Бизнис-инсајдер“ напоменува дека тие одзеле околу 3.500 животи, што значи дека во просек секој затвореник убил по петмина. Затворениците се под 24-часовен видеонадзор, а ќелиите им се сместени зад челична врата. Тие живеат во ќелии кои чуварите ги проверуваат на секои 15 минути.
Кога затворениците излегуваат од ќелиите, мора да се движат со наведната глава, што се смета за уште една специфичност на овој затвор. Тие мора да имаат превез на очите додека се надвор за да не можат да го запомнат распоредот во затворската зграда, што би им го олеснило бегството.
Во затворот не постои ниту посебен ресторан каде што ќе се дели храна – затворениците храната ја добиваат во своите ќелии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.