| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар прави бум, и Хмирова потпиша договор

Женскиот ракометен клуб Вардар прави вистински бум и ќе има екипа за мерак, а нов потпис за двегодишна верност кон „црвено-црните“ стави и  руската репрезентативка Татјана Хмирова. Таа има 23 години, а во Скопје доаѓа од екипата на Динамо Волгоград. Таму настапуваше од 2005 година. Ова ќе и биде прво интернационално искуство.

hmirova 1

– Ова е мој прв чекор на страна во европскиот ракомет. Јас сум многу среќна што мојот нов клуб е токму Вардар. За мене претставува големо задоволство што ќе имам можност да работам со врвни играчи и со тренер, кој како играч има освоено титула во Лигата на шампионите. Јас исто така има сон да ја освојам Лигата на шампионите и токму со оваа цел доаѓам во мојот нов клуб – вели Татјана Хмирова за официјалната веб страница на ЖРК Вардар.
Хмирова со Македонија ја поврзува уште еден интересен податок. Таа дебитираше за сениорската репрезентација на Русија токму во Македонија, на ЕП 2008 година, а со руската селекција го освои  бронзениот медал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top