Македонскиот ракоетен клуб „Металург“ има најдобра веб-страница. Во традиционалниот избор на ракометниот портал „Балкан хендбол“ за најдобра веб-страница во регионот за 2012/2013 година е прогласена веб-страницата на најдобриот македонски тим. Вкупната медиумска работа во „Металург“ е оценета со оценка 9,49, што е највисока оценка дадена за една веб-страница во петте години постоење на овие избори. Со ова е детронизиране веб-страницата на екипата на ПЛ Цеље, која суверено владееше во текот на претходните четири години.
-Почнавме на 23 јули 2010 година, со скромни 19 дневни посети, за да го достигнеме максимумот на 26 март годинава, кога нѐ посетија 11.822 посетители. Моменталната просечна дневна посетеност на нашата страница се движи меѓу 3.500 и 4.000 посетители. За две и пол години, колку што постоиме, веб-страницата на Металург регистрира 1.335.000 посети, од 135 земји, од сите континенти. Нашите посетители отворија 4.160.000 страници и погледнаа околу 25.000.000 фотографии. Веб-страницата на Металург е отворена од 306.000 различни посетители (Unique Visitors). Наш рекорден месец е март 2013, кога регистриравме 122.752 посети од 41.399 различни посетители, кои отворија 314.302 страници. Рекорден ден е 26 март, со 11.822 посети од 9.100 различни посетители и рекордни 25.390 отворени страници. Нашата официјална фејсбук-страница има, рекордни за регионот, близу 11.000 пријатели на клубот. Благодарни сме им на сите што нѐ поддржуваа во текот на изминатите години, благодарни сме му на стручното жири, кое во нас го виде победникот, благодарни сме им на сите што гласаа за нас и што постојано нѐ следат. Првото место е и голема обврска за нашата понатамошна работа, а ние ќе се трудиме да бидеме сѐ подобри и подобри. – велат од „Металург“.
Топ-10 веб-страници, според изборот на „Балкан Хандбал“:
1. РK / ЖРK Mеталург 9.49
2. РK Цеље ПЛ 9.14
3. РK Mарибор Браник 8.37
4. РK Горење 7.77
5. РK Нексе 7.74
6. РK Загреб 7.54
7. РK Заечар 7.23
8. РК Цимос Копер 7.20
9. РK Партизан 7.20
10. РK Борац 7.03
И најдобрата страница за ракометари е македонска. Најдобра станица е на капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров.
Ракометари и ракометарки
1. Кирил Лазаров 9,22
2. Андреа Лекиќ 8,57
3. Урош Зорман 7,68
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.