Изложбата “Три творечки циклуси “на Вангел Срнаков ќе биде свечено отворена во сабота, 11. јуни во Јавна соба со почеток од 20:30 часот. Влезот за сите љубители на квалитетната уметноста и доброто дружење е слободен.
Станува збор за уште еден “неоткриен” талент кој по професија е правник но со сликарство активно се занимава уште од 1993 година под менторство на Никола Бутров. Творештвото на Срнаков доаѓа до израз во 2006, одкако редовно е застапен во групни изложби во земјата. Изложбата “Три творечки циклуси” е негова прва самостојна изложба и навистина заслужува внимание од јавноста.
Посетителите на изложбата ќе имаат можност да запознаат еден автор со три идентитета. Трите циклуси се разликуваат по техника, медиум, пристап и инспирација. “Портеретите” кои се најспецифичниот циклус на дела масла на платно, се олицетворение на една збирка креирана во подолг временски период од животот на Срнаков. “Белите слики”, какошто тој го нарекува вториот циклус, масло на панел и платно, ги отсликува предметите од мртвата природа преку нагласување на белата позадина. Пристапот е минималистички а техниката на сликање е целосно различна од портретите. Третиот циклус е “геометриска апстракција”, когнитивни геометриски форми изразени на дводимензионална плоштна површина преку нагласување преку јаки бои.
Изложбата на Вангел Срнаков е уште ден доказ дека во Македонија постојат голем број на активни ликовни уметници чие творештво не е нималку наивно иако не станува збор за академски сликари, и од тие причини оваа изложба заслужува целосно внимание од јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.