
Сведоците кои досега се сослушани во полиција, го негираат тврдењето на Зоран Марјановиќ, сопруг на убиената Јелена, дека на насипот бил со ќерката Јана.
Имено Зоран, како што пишува Ало, во полиција изјавил дека во време на исчезнувањето на Јелена се наоѓал на насипот и тоа со ќерката Јана. Меѓутоа очевидците тоа го демантираат.

-Очевидците навеле дека само него го виделе на насипот со Јелена- раскажал извор на овој весник.
Инаку во истрагата за убиството на пејачката, нејзиниот сопруг, овие денови би требало повторно да биде сослушан. Тој два пати падна на полиграф. По втор пат, инспекторите го сослушаа и неговиот брат Милош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


