Португалскиот интернационалец Луис Нани е во преговори со Манчестер јунајтед за враќање на „Олд трафорд“. Оваа информација изгледа шокантно откако тој на мала врата си замина од англискиот премиерлигаш во турскиот Фенербахче. Но, со доаѓањето на Жозе Мурињо очигледно се променија многу работи во клубот, а тој веќе дал согласност за Нани да се врати на „Театарот на соништата“.
Крилниот играч не беше во прв план кај Дејвид Мојес и кај Луј ван Гал, па токму затоа и си замина од Манчестер јунајтед. Раководството на клубот сега бара најлесен начин да го врати не сакајќи, сепак, да ја плати отштетната клаузула од 8 милиони фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.