Неколку десетини вооружени лица веќе втор ден го држат под опсада либиското Министерство за надворешни работи во Триполи, барајќи да биде „исчистено од агенти“ и амбасадори на поранешниот лидер Моамер Гадафи.
Неидентификувани вооружени лица, во триесетина возила, дел од нови вооружени и со противвоздушно оружје, ја опколија во неделата зградата на министерството, јави АФП.
Пред влезот во зградата поставени се транспаренти на кои се бара усвојување на закони кои би овозможиле отпуштање на функционери од ерата на Гадафи.
„Министерството е затворено“, рече Ајмен Мухамед Абудеина, еден од демонстрантите, додавајќи дека наредните денови со надлежните министри ќе биде одржан состанок за барањата на демонстрантите.
Тој истакна дека опсадата ќе биде завршена кога ќе бидат исполнети сите барања на демонстрантите од страна на Општиот национален конгрес, највисоко политичко тело во Либија.
Во меѓувреме група разбеснети полицајци влегоа во канцеларијата на Министерството за внатрешни работи во близина на аеродромот кај Триполи, при што пукале во воздухот и барале зголемување на платите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Потрага по богатството на Гадафи: Неговите милијарди, дијаманти и злато се бараат низ цела Африка
-
Ослободен синот на Гадафи од заробеништво: Дали тој ќе биде новиот лидер на Либија
-
Синот на Гадафи ослободен од затвор
-
Говорот на Гадафи кој предизвика бура: Тито ја изгради Југославија цигла по цигла, а вие ја уништивте


