Долгогодишниот владетел на Либија, Мoамер Гадафи кој беше голем обожавател и пријател на Југославија, на генералното собрание на Обединатите Нации во 2009 година имал жесток говор во кој ги обвинил светските лидери за рушење на југословенската сојузна држава.
Втората жена на Гадафи била Југословенката Софија Фаркаш, а со текот на времето Југославија станала една од најбликите деловни партнери на Либија. Тие добивале разна техничка роба од Југославија и воена техника, а за тоа Гадафи плаќал со нафта.
Во септември 2009 година Гадафи прв пат се обратил на генералното собрание на Обединетите нации. Тој во таа прилика тој жестоко ја искритикувал нивната меѓународна политика, а се осврнал и на распадот на Југославија.
– Ниту една земја не беше мирољубива како што беше Југославија. Изградена чекор по чекор откако Хитлер ја уништи. Потоа ние ја уништивме, исто како што направи Хитлер. Тито ја градеше цигла по цигла, а потоа стигнавте вие и ја срушивте со вашите империјалистички и лични интереси. Како можете да бидете спокојни посла тоа? Ако мирна замја како Југославија беше соочена со таква трагедија, Генералното собрание треба да покрене истрага за тоа и виновниците да ги изнесе пред меѓунаросниот суд, порача тогаш Гадафи.
Ова е целата снимка од неговиот говор во 2009 та. Делот за Југославија почнува на 1:05.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)