| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија засилена пред баражот со Чешка, Џомба стана татко!

goce georgievski

Неколку дена пред баражот со Чешка, македонската репрезентација доби „принова“. На Гоце Георгиевски денеска му се роди син и најрадосниот момент во животот го сподели со своите репрезентативни колеги на тренинг во „Кале“.

– Да, го имам најубавиот мотив за победа и се надевам дека деновиве ќе имаме уште убави моменти – изјави крилото на македонската репрезентација за порталот ЕКИПА.

И покрај приновата во семејството, новопечениот татко деновиве комплетно им е посветен на репрезентативните обврски пред баражот со Чешка. Георгиевски предупредува дека Чешка е сериозен противник и дека Македонија во сабота ќе ја очекува тежок натпревар.

– Мора позитивно да размислувам. Знаеме каков противник е Чешка, се знаеме доволно добро со нив од претходните дуели. За нас е најважно да одиграме пожртвувано, дисциплинирано во играта и да го дадеме најдоброто од себе во овие два дуели. Мислам ако дадеме стопроценти од своите можности, дека може да се надеваме на позитивен резултат, па и на победа. После оние неуспешни олимписки квалификации, малку ни падна моралот и самодовербата меѓу играчите. Пак ќе кажам, добро ни дојдоа овие тренинзи неделава и овој малку поинаков стил на работа. Владее една добра атмосфера во екипата, сите се подготвенио да го дадат најдоброто од себе и да одиме на победа во Злин – изјавил Георгиевски за овој спортски портал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top