| четврток, 6 декември 2018 |

ЕП група Ц: Германија тргнува по обединување на титулите

joakim lev

Групата Ц на Европското првенство во Франција, кое почнува в петок, ја предводи актуелниот светски шампион Германија.
Селекторот на „панцирите“, Јоаким Лев, веќе десет години е на чело на репрезентацијата и се чини дека успеа да ја врати на вистинското место на кое припаѓа, во самиот европски и светски врв. Со освојувањето на светската титула од пред две години во Бразил, Германија е во топ форма иако подготвителните резултати за ЕП не го покажуваат тоа. Сепак, во групата Ц, каде се уште и репрезентациите на Полска, Украина и на Северна Ирска, сѐ освен првото место ќе важи за неуспех пред домашната јавност.
Покрај фаворитската улога, Германија е во топ 3 репрезентации за освојување на насловот и обединување на светската и на европската титула. Големиот број ѕвезди во составот го ветуваат тоа.

За второто место во групата Ц се чини дека благ фаворит е репрезентацијата на Полска, која има голем број фудбалери што настапуваат во посилните лиги во Европа, но секако не смеат порано да се отпишат репрезентациите на Северна Ирска и на Украина.

germanija

Германија:

Голмани: Мануел Нојер (Баерн Минхен), Марк-Андре тер Штеген (Барселона), Бернд Лено (Баер Леверкузен)

Одбрана: Жером Боатенг (Баерн Минхен), Емре Џан (Ливерпул), Јонас Хектор (Келн), Бенедикт Ховедес (Шалке 04), Матс Хумелс (Борусија Дортмунд), Шкодран Мустафи (Валенсија), Антонио Рудигер (Рома)

Средина: Јулијан Дракслер (Волфсбург), Андре Ширле (Волфсбург), Сами Кедира (Јувентус), Јошуа Кимих (Баерн Минхен), Тони Крос (Реал Мадрид), Месут Озил (Арсенал), Лукас Подолски (Галатасарај), Бастијан Швајнштајгер (Манчестер јунајтед), Јулијан Вајгл (Борусија Дортмунд)

Напад: Марио Гомез (Бешикташ), Марио Гетце (Баерн Минхен), Томас Милер (Баерн Минхен), Лерој Сане (Шалке 04).

Селектор: Јоaким Лев

ukraina

Украина:

Голмани: Андриј Пјатов (Шахтјор), Денис Бојко (Бешикташ), Микита Шевченко (Зорја)

Одбрана: Јевхен Хачериди (Динамо Киев), Богдан Бутко (Амкар), Артем Федецки (Днипро), Александар Каравајев (Зорја), Александар Кучер (Шахтјор), Јарослав Ракицки (Шахтјор), Вјачеслав Шевчук (Шахтјор).

Средина: Серхеј Рибалка (Динамо Киев), Денис Гармаш (Динамо Киев), Сергеј Сидорчук (Динамо Киев), Андриј Јармоленко (Динамо Киев), Јевген Конопљанка (Севилја), Руслан Ротан (Днипро), Тарас Степаненко (Шахтјор), Виктор Коваленко (Шахтјор), Анатолиј Тимошчук (Каират), Александар Зинченко (Уфа).

Напад: Роман Зозуља (Днипро), Пилип Будкивски (Зорја), Јевген Селезнов (Шахтјор).

Селектор: Михајло Фоменко

polska

Полска:

Голмани: Лукас Фабијанси (Свонси), Војчех Шчесни (Рома), Артур Боруц (Бурнмаут)

Одбрана: Тијаго Ционек (Палермо), Камил Глик (Торино), Артур Једрзејчук (Легија), Михал Паздан (Легија), Лукаш Пишчек (Борусија Дортмунд), Бартош Саламон (Каљари), Јакуб Ваврзињак (Лехија Гдањск).

Средина: Јакуб Блашчиковски (Фиорентина), Кармил Гросицки (Рен), Томаш Јодловиц (Легија), Бартош Капустка (Краковија), Гжегож Криховјак (Севилја), Карол Линети (Лех), Криштоф Мазински (Висла), Славомир Пешко (Лехија Гдањск), Филип Старзински (Заглебие), Пјотр Зиелински (Емполи)

Напад: Аркадиуш Милик (Ајакс), Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Мариуш Степински (Рух)

Селектор: Адам Навалка

sverna irska

Северна Ирска:

Голмани: Алан Манус (Ст. Џонстон), Мајкл МекГоверн (Хамилтон), Рој Керол (Линфилд)

Обрана: Крег Катхарт (Вотфорд), Џонатан Еванс (ВБА), Герет МекОули (ВБА), Лук МекКалоџ (Донкастер), Конор МекЛоглин (Флитвуд), Ли Хоџсон (МК Донс), Арон Хјуз (Мелбурн Сити), Патрик МекНеир (Манчестер јунајтед), Крис Бирд (Дерби Каунти)

Средина: Стивен Дејвис (Саутемптон), Оливер Норвуд (Ридинг), Кори Еванс (Блекбурн), Шејн Фергусон (Милвол), Стјуард Далас (Лидс), Нијал МекГин (Абердин), Џејми Вард (Нотингем Форест)

Напад: Кајл Лаферти (Норич Сити), Конор Вашингтон (КПР), Џош Магенис (Килмарнок), Вил Григ (Виган).

Селектор: Мајкл О’Нил

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top