| четврток, 6 декември 2018 |

Червар го скрати списокот, им се заблагодари на пет млади ракометари

rakometari-cervar-prva-sredba-11

Селекторот на македонската машка репрезентација Лино Червар го скрати списокот на ракометари пред последната недела од подготовките за бараж двомечот со Чешка. Тој им се заблагодари на пет ракометари кои беа на поширокиот избор и во иднина со внимание ќе ја следи нивната игра.

Мартин Манасков, Стефан Дрогришки, Ивица Лазаревски, Борче Соколов и Бојан Блажевски се ракометарите кои од денес се на одмор по напорната сезона, а на нивните места од утре ќе се приклучат интернационалците Борко Ристовски, Наумче Мојсовски, Кире Лазаров, ФилипМиркуловски, Велко Маркоски, Ацо Јоноски и Никола Митрески.

Утре од 18.00 часот се очекува тренинг во кој ќе учествуваат интернационалците, а последни ќе се приклучат ракометарите од Бундеслигата и од вторник Червар ќе работи со целиот ростер, со кој предвидува да го игра двомечот со Чешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top