| четврток, 6 декември 2018 |

Бивол усмрти човек

бивол

Во селото Нова Брезница – во близина на фармата за биволи вчера попладнето околу 16,45 часот било пронајдено мртвото тело на скопјанецот А.О.(61).

Според информациите од МВР, скопјанецот имал повреди во пределот на стомакот нанесени најверојатно од бивол.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top