| четврток, 6 декември 2018 |

Сите го одбиваат – Трамп никако да најде човек за „најлошата работа“ во Вашингтон

 

tramp

Американскиот претседател Доналд Трамп има потешкотии да најде личност за местото директор за комуникации на Белата куќа, која медиумите ја опишуваат како „најлоша работа“ во Вашингтон.

Барем два канидата досега ја одбиле работата, пишува Политико, повикувајќи  се на извори запознаени со ситуацијата.

Тоа не е ни чудо ако се има во вид Трамповата склоност сам да ги формулира и пласира своите пораки, што секако ќе претставува вистински предизвик за идниот директор на комуникации задолжен за обликување и контролирање на пораките од Белата куќа во јавност.

Белата куќа нема човек на оваа позиција откако Трамп е инаугуриран минатиот месец и покрај напорите на неговиот шеф на кабинет да најде погодна личност и понудите упатени до неколку републикански експерти за комуникации.

-Постои список на кандидати, не гледам зошто луѓето не се заинтересирани – рекол еден претставник на администрацијата.

На тежината на работата, како што се наведува, треба да се додаде и проблемот на Трамповиот менаџерски стил. Претседателот на САД, како што пишува Политико, е познат по тоа што знае да ги сврти своите соработници еден против друг, да поттикне ривалство и поделба во својот тим, што веќе се одразило во важните политички иницијативи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top