| четврток, 6 декември 2018 |

МотоГП го менува изгледот на Каталуња за в недела по смртта на Луис Салом

luis salom 1

За време на првиот слободен тренинг во Мото2 категоријата, при голема брзина на 12. свиок Луис Салом изгуби контрола над својот мотоцикл при што излета и се заби во заштитниот ѕид. Обидите на медицинските лица да го реанимираат завршија неуспешно по што младиот возач на САГ го загуби животот.

Инцидентот, кој се случи на самиот почеток на Мото викендот во Шпанија ги примора челниците на МотоГП да направат конфигурација на патеката.

Безбедносната комисија заедно со Марк Маркез, Андреа Јаноне, Пол и Алеиш Еспагаро, Џек Милер, Бредли Смит, Алваро Баутиста, Андреа Довициозо, Тито Рабат и Кал Крачлоу одлучија в недела да се вози на ревидирана патека која во 2014 не доби зелено светло. Најверојатно, кобниот свиок за Салом ќе изостане.

Поради новиот изглед, последниот слободен тренинг пред квалификациите ќе биде продолжен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top