Времена измена на сообраќајот утре се воведува на магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид, од Пресека до Песочан.
Како што соопштија од Македонија пат, времената измена ќе се одвива со девијација, односно со преминување од една коловозна лента во друга за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Овој режим на сообраќај ќе трае до завршувањето на градежните работите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.