| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: Сегашната Влада е политичка, а не техничка

emilОваа Влада е политичка, не е Влада за спроведување на изборите бидејќи нема датум за нивно одржување и ние сме концентрирани на реализација на програмата, изјави премиерот Емил Димитриев .

– Не знам зошто повеќе се користи терминот техничка влада. Законот е многу јасен – техничка влада, односно влада за спроведување на изборите се формира 100 дена пред изборите. Во периодот пред и потоа си функционира политичка влада концентрирана на реализација на програмата со која го добила мандатот, рече Димитриев одговорајќи на новинарско прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top