| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба „20 години творештво“ на Даница Дана Крстеска

Во галерискиот простор на Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар вечерва, 3 јуни, ќе биде отворена изложбата на ликовни дела „20 години творештво“ на авторката Даница Дана Крстеска

Изложбата е поддржана од Министерството за култура. Во нејзините слики пејсажите, коњите, човечката фигура и мртвата природа заземаат видно место без строго определени академски норми.

Крстеска е родена на 28 август 1963 година во Гостивар. Со сликарство активно се занимава повеќе од 20 години. Има учествувано на бројни групни изложби и културни манифестации. Живее и работи како самостоен уметник во Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top