| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена причината за смртта на Принс

Тестовите покажаа дека славниот пејач Принс, кој беше пронајден мртов во неговиот дом во Минеаполис кон крајот на април, починал од преголема доза на опијати фентанил, соопшти надлежно официјално лице, кое побара да остане анонимен, јавуваат американските медиуми.

Како што е наведено во патолошкиот извештај, Принс го земал лекот по свое убедување, а причина за смртта е „труење со фентанил“.

zatvornik-tvyrdi-che-e-sin-na-prins-374416

Фентанил е синтетички наркотички аналгетик кој е 50 пати појак од хероинот, а се користи во медицински цели. Во САД од крајот на 2013 и за време на 2014 година забележани се над 700 смртни случаи поради предозирање со фентанил

Досега причината за смртта на Принс беше непозната.

Принс (57) е пронајден мртов на 21 април на неговиот имот. Наодите од тестирањето го потврдија сомнежот дека опијатите имале улога во неговата смрт.

Тој почина само неколку дена откако неговиот авион принудно слета во градот Молин во Илиноис поради лекарска интервенција по враќањето од концерт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top