| четврток, 6 декември 2018 |

Квалификации за ЕП: Ракометарките на Македонија поразени од Црна Гора

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија е поразена од Црна Гора 21-27 (12-13)  во мечот од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во Шведска кон крајот на годинава.

Најефикасна во нашата селекција, но и на натпреварот беше Сара Ристовска со шест постигнати голови, а Теодора Керамитчиева постигна четири.

Вчера во рамките од претпоследното коло на групата 4, Словенија ја совлада Хрватска со 24:23.

На табелата водечка е селекцијата на Црна Гора која сега има 8 бодови, два повеќе од Хрватска и Словенија, додека Македонија нема освоено ниту еден бод.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top