Изложба и промоција на мапа „Балканскиот Дон Кихот во Европа“ од академскиот сликар Владимир Георгиевски е поставена во театарот „La Palace“ во Париз, на отворањето на филмскиот фестивал на Југоисточна Европа „SEE A Paris“. Изложбата и промоцијата се во рамки на македонското одбележување на 400-годишнината од смртта на шпанскиот писател и великан на светската книжевност Мигуeл де Сервантес (1616- 2016). Изложбата и мапата се организирани од Асоцијацијата за култура ИКОН, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
-Не сакам да ја илустрирам бесмртната книга на Мигуел Сервантес. Настојувам да го нацртам нејзиното ехо во мене. Така сакам и да го одбележам значајниот јубилеј: 400 години од смртта на Сервантес – напиша меѓу другото Георгиевски по повод ова претствување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.