За околу четири денари се очекува да поскапи кутија цигари од први јули годинава, додека до 2023 година цената на една кутија цигари треба да биде повисока за 40 денари во однос на сегашната.
Согласно новите регулативи за акцизи на цигарите, расте цената на ова „задоволство“ за граѓаните на Македонија.
Од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за парче во секоја година, што значи на 1 јули секоја година, кутија цигари ќе станува за по 4 денари поскапа.
Пресметките покажуваат дека секоја година цигарите ќе поскапуваат во просек по 4 денари за кутија, што значи дека до 2023 година, една кутија што денес се продава за 40 денари ќе чини 90 денари.
Со измените на Законот за акцизите кои се во собраниска процедура се предвидува производителите и увозниците на тутун да ги пребројат резервите во нивните складови и кај дистрибутерите и да ја пресметаат новата акциза од 1 јули.
Тие што нема да ги пребројат резервите може да бидат казнети со глоби до 15.000 евра. Покрај тоа, тие мора да ја пресметаат новата акциза на тутунска стока на денот на зголемувањето на акцизата и ако таа на денот на зголемувањето е поголема од наплатената акциза за подигнатите контролни марки по различни ценовни категории, се должни врз основа на решение од Царинската управа да ја уплатат разликата во рок од 30 дена по денот на зголемувањето на акцизата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.