Сопругот на убиената ѕвезда на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, веќе 23 дена преку апликација се допишува со извесна Рада која има 27 години и е медицинска сестра од Виена. Како што тврди српскиот Информер, тој со неа разменува експлицитни пораки со сексуална содржина.
Додека во јавноста се прикажува како ужален вдовец, сопругот на Јелена, Зоран Марјановиќ, се допишува со млади девојки. Пораки праќал и ноќта пред да и биде 40 дневниот помен на Јелена.
„Не сакам да те замарам, утре ќебидам тука, напишала девојката. Зоран одговорил дека ја чувствува. Таа му рекла дека ќе го пази додека спие“…и вакви пораки си праќале во наводно најтешките мигови за Зоран.
Помеѓу бројните пораки со кои Зоран и Рада се допишувале сопругот на Јелена наводно на 23 мај точно во 04:19 часот и испратил своја гола фотографија.
Инаку тие двајца наводно стапиле во контакт на 7 мај, кога таа преку Фекјсбук му испратила неколку пораки. Тогап тој и испратил фотографија со ќерката Јана за да ја увери дека тоа е навистина тој, а потоа и и спратил број од својот мобилен телефон по што почнале да се допишуваат на Вибер.
Врвот на нивната преписка се случил пред три дена на 28 мај кога почнале да договараат секс во Белград. Рада неколку пати му објаснила дека сака „груб секс“ и дека едвај чека да се сретнат. Во една од пораките до кои дошол српскиот магазин „Информер“ Зоран ја предупредува Рада дека ни во лудило не смее да ја објави неговата гола фотографија и дека целата нивна комуникација треба да остане тајна.
Според зборовите на експертите , преписката помеѓу Зоран Марјановиќ и медицинската сестра од Виена фрла нова светлина на случајот на убиство на неговата сопруга Јелена. Психотерапевтот докторот Зоран Миливојевиќ вели дека врз основи на овие пораки може да се заклучи дека Зоран Марјановиќ е чудак, која сака бизарности и фантазии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.