| четврток, 6 декември 2018 |

Јоаким Лев го направи последниот филтер, во списокот го нема Марко Ројс!

Откако пред две години поради повреда не играше на мундијалот во Бразил, а Германија ја освои титулата, фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс повторно нема да игра на едно големо натпреварување.

Селекторот на Германија, Јоаким Лев, ја шокираше спортската јавност во земјата решавајќи во конечниот список на патници за ЕВРО 2016 да не го вклучи Марко Ројс. Извонредниот фудбалер на Борусија Дортмунд поради повреда не настапи на СП 2014, но се очекуваше да биде сигурен патник за овој европски шампионат. Сепак, Лев изразил сомнеж околу неговата физичка подготвеност поради честите повреди сезонава, по што селекторот решил да не го вклучи Ројс меѓу патниците за Франција.

СОСТАВ:

ГОЛМАНИ: Мануел Нојер (Баерн), Марк Андре Тер Штеген (Барселона), Бернд Лено (Баер Леверкузен)

ОДБРАНА: Џером Боатенг (Баерн), Матс Хумелс (Баерн), Шкодран Мустафи (Валенсија), Антонио Рудигер (Рома), Јонас Хектор (Келн), Емре Џан (Ливерпул), Бенедикт Хеведес (Шалке)

СРЕДЕН РЕД: Џошуа Кимих (Баерн), Јулијан Дракслер (Волфсбург), Марио Геце (Баерн), Месут Озил (Арсенал), Сами Кедира (Јувентус), Тони Крос (Реал М.), Андре Шурле (Волфсбург), Бастијан Швајнштајгер (Манчестер ј.), Јулијан Вајгл (Борусија Д.).

НАПАД: Томас Милер (Баерн), Марио Гомез (Бешикташ), Лукас Подолски (Галатасарај), Лирој Сане (Шалке).

Покрај Марко Ројс, во однос на поширокиот список од комбинација отпаднаа уште и Руди, Брант и Беларади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top