| четврток, 6 декември 2018 |

Мората: Желба ми е да се вратам во Реал, но имам понуди и од Англија

Juventus FC vs FC Barcelona

Алваро Мората е еден од најатрактивните фудбалери достапни на пазарот летово. Веќе е јасно дека Реал Мадрид ќе ја искористи клаузулата и за 30 милини евра ќе го врати својот ексголгетер, но тоа ќе биде краткорочно бидејќи „кралевите“ планираат набрзина да го продадат за сума од најмалку 50 милиони евра. Мората во изјава за весникот „Ас“ посочи дека негова најголема желба е да победува во дресот на Реал Мадрид, но кога веќе такво нешто не е возможно, тој ја посочи Премиер-лигата како своја омилена дестинација.

– Јас сум од Мадрид и имам една голема желба, да победувам со Реал и да освојувам трофеи со Реал. Јасно ми е дека во моментов има голем број врвни играчи, што би влијаело на мојата минутажа, а најважно од сѐ ми е да бидам стандарден во својот клуб. Постои интерес од сите страни, но би рекол дека добив многу интересни понуди од Англија. Премиер-лигата е одлична дестинација, не само финансиски, туку и според стилот на игра на клубовите кои се интересираат за мене – истакна Мората.

Претходно беше обелоденето дека ПСЖ и Арсенал се најзагреани за услугите на Шпанецот, кој според последните коментари очигледно е многу поблизу до преселба во таборот на „топчиите“ отколку во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top