Селекторот на Белгија, Матс Вилмотс има проблеми пред Европското првенство во Франција кое започнува на 10.јуни.
Веќе познато е дека „ѓаволите“ нема да може на првенството да сметаат на Винсент Компани, но најновите информации на селекторот му задаваат нови главоболки – за Белгија нема да може да играат уште двајца стопери. Се работи за искусниот 31-годишен Николас Ломбартс, како и младиот Дедрик Бојате.
Единствени стопери на располагање засега се Вертонген и Вермален.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.