Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 1 јуни (среда), во 20 часот ќе се отвори изложба на Тони Чатлески со наслов „Древниот сон“…
Во најновиот циклус на слики насловен „Древниот сон“, Чатлески ги бара одговорите за смислата на животот, при што е евидентно прочистувањето на визуелната палета додека филозофијата за сопственото постоење и живот е пренесена низ призмата на надреалноста на сонот.
„Древниот сон“ ги материјализира и ги презентира сите интимни состојби и ситуации што го провоцираат уметникот на креативен чин и се интегрираат во сложувалката на секојдневието, оставајќи ја метаризницата на минатото – во иднината.
Чатлески воедно ја опфаќа суштината на традиционалните симболи за да формира единствени естетски креации. Во неговите опсесии во ликовните творби се вметнати елементи од стварноста преобразени во симболички знаци кои прикажуваат фрагменти од сонот, сеќавањето, интимноста, личниот простор, запрениот миг на времето, еден вид осмислен емотивен просторен облик како спој на филозофијата и на духовноста. Делата слични на сонот се секвенцииво кои се пренесени духовните расположби на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.