| четврток, 6 декември 2018 |

Бекам одигра само 8 минути, еднаш ја допре топката и доби црвен картон

Дејвид Бекам мина на теренот само 8 минути, еднаш ја допре топката против Евијан и мораше на принудна пауза, поради директен црвен картон, што му го покажа судијата Оливие Дуал. Бекам влезе во игра во 84. минута, откако беше исклучен неговиот соиграч од Пари сен Жермен, Марко Верати, а издржа до 92. минута, кога мораше да го напушти теренот.

Beksa

ПСЖ победи со 1-0 со голот на Хавиер Пасторе и му се реваншираше на Евијан, за елиминацијата во националниот куп, на пенали.

Мечот имаше и трето полувреме. Се случи тепачка меѓу играчите на двата тима, а Дуал покажа уште два црвени картони, откако натпреварот заврши. Поцрвенеа голманот на ПСЖ, Салваторе Сиригу и напаѓачот на Евијан, Клифа.

PSZ

Тимот од Париз е на прагот на третата титула во клупската историја, прва по пауза од 19 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top