| четврток, 6 декември 2018 |

Хамбург последен патник за Келн, на ракометната завршница во ЛШ

Хамбург вечерва го загуби реванш мечот против Фленсбург со 23-25, но ќе патува за Келн на завршниот турнир во ракометната Лига на шампионите. Гостите се обидоа да ја надоместат огромната разлика од првиот меч, што заврши со победа од 32-26 на Хамбург, но немаа сили за подвиг. Предводени од левото крило Јенсен, гостите се заканија и ја преполовија предноста од првиот дуел, до полувремето. По 30 минути игра Фленсбург имаше водство од 13-10. Јенсен продоложи со добрата игра, беше најефикасен со 6 гола, а сепак Хамбург издржа и се пласира на Ф4 во Келн.

Со нив за титулата ќе се борат Барселона, Кил и Кјелце, екипа што го елиминира нашиот првак Металург со две победи во четвртфиналето. Ждрепката за полуфиналните парови што ќе играат на 1. јуни во Келн, ќе се одржи за 4 дена во местотот на организаторот на турнирот. Финалето е следниот ден, на 2. јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top