| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Немаме намера да бидеме дел од лагите на Стевчо Јакимовски

sdsm

СДСМ, денеска реагираше на одлуката на градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, советниците на партијата која го кадидираше СНС, да одат во коалиција со советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во ниту еден момент не бил дел од валканите пред и пост изборни договори на Стевчо Јакимовски. Денешното обелоденување на неговата коалиција со ВМРО-ДПМНЕ само е потврдување на општо познатиот факт кој сите граѓани имаа можност да го видат во вториот изборен круг на локалните избори 2013 година, каде што на контото на Стевчо Јакимовски завршија гласовите на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ нема намера повеќе да биде дел од лагите на господинот Јакимовски и тоа им го препушта на неговите нови сојузници, ВМРО-ДПМНЕ“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Партијата најави дека нивната советничка група во Карпош ќе дејствува како конструктивна опозиција која ќе ги поддржи сите предлози кои се за доброто на граѓаните, а жестоко ќе се спротивстави на сите погрешни потези на новата коалицискаа власт помеѓу Српската напредна странка и ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top