| четврток, 6 декември 2018 |

На пациентите им издавала рецепти но тоа што пишувало на нив не било медицински лек

Една докторка од Индија се наоѓа под  истрага откако ги советувала пациентите да практикуваат ислам и дека тоа ќе ги „излекува“.

21128091175740482e4eb5a387696624_w640

Докторката Џамема Хајат моментно е под истрага на Министерство за здравство поради тоа што до надлежните стигнал еден бизарен рецепт во кој таа на постар човек  му го препишува Алах.

-Добивме неколку жалби. Неколку пати ја предупредивме но таа одбива да слуша – вели доктор Давендра Чудхари.

Една жена изјавила дека докторката Хајат ја советувала да практикува ислам место да ѝ препорача медицински третман на осумгодишната ќерка, која имала мозочен удар.

По прегледот докторката ѝ рецитирала стихови од Куран поради што несреќната жена веднаш ја однела ќерката кај друг доктор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top