| четврток, 6 декември 2018 |

Сонот на Кјелце за фајналфор (видео)

Уште еден натпревар, само 60 минути игра за исполнување на сонот и прв, историски настап на фајналфор турнир, останаа и за Металург и за Кјелце. Македонскиот првак со многу проблеми и повредени играчи, допатува на реваншот во Кјелце. Патем имаме и негатива од 2 гола, по скопските 25-27, но влогот е огромен и гарантира битка за трофејот во Келн, на 1. и 2 јуни. Домаќините се екстра мотивирани, денеска од 17 часот и по четврти пат да го победат Металург. Дури снимија и спот, со кој ги повикуваат симпатизерите да им помогнат, за да го остварат сонот и да се пласираат на завршниот турнир. И самиот пласман во четвртфиналето на ракометната Лига на шампионите е нaјголем успех за двете екипи.

Во Келн сигурно ќе настапат Кил и Барселона, кои ги елиминираа Веспрем, односно Атлетико Мадрид, а останува дилемата дали Металург има сили да го изненади Кјелце, и која од двете германски екипи, Хамбург или Фленсбург ќе игра на Ф4 турнирот. Хамбург има огромна предност по победата нагости со 32-26, а тој меч се игра од 18,30 часот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top