| четврток, 6 декември 2018 |

„Денови на Крали Марко“ во Прилеп

Со литературни и ликовни творби за Крали Марко, вчера во Прилеп, пред споменикот на овој легендарен јунак во центарот на градот, почна манифестацијата „Денови на Крали Марко“…

Ученици од основни прилепски училишта читаа литературни творби посветени на јунакот од народните преданија и легенди и за Марковите кули.

Снежана Ристеска, советник за култура во прилепската локална самоуправа, информира дека оваа манифестација се одржува 10 пат, а инспирација на училиштата е ликот на легендарниот Крал Марко.

– Дел од учесниците имаат свои литературни творби, а дел ќе го изработуваат Крал Марко од пластелин, глина. Историските секции од училиштата ќе одржат презентација на прилепското кралство – вели Ристеска.

Градоначалникот на прилеп Марјан Ристески нагласува дека последниот прилепски и македонски крал – Марко е дел од синонимите за Прилеп.

– Денеска се слават „Деновите на Крали Марко“, тука, во неговиот роден град, во Прилеп или наречен Марков град. Денеска пред неговиот споменик во центарот на градот е целодневната програма, а вечер, во чест на манифестацијата, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ годишен концерт ќе има основното музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“. Сè е во спомен на легендарниот јунак по кој е познат и Прилеп, а кулите над градот го носат неговото име – вели Ристески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top