Судскиот процес против обвинетите за тероризам во случајот „Диво Насеље“ треба да продолжи денеска во големата сала на Врховниот суд бидејќи во Основниот суд Скопје 1 нема просторни и безбедносни услови за одржување на судењето во кое има голем број обвинети.
Судот на почетокот на овој месец донесе одлука со овој предмет да ја спои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци. За настаните од Диво Насеље се обвинети 29 лица, а како логистичари осум лица.
На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешкоповредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.