Вечерва во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија беше отворена изложба на репродукции на средновековни фрески, од колекцијата на Музеј на Македонија. Пред бројна публика и претставници од дипломатскиот кор, изложбата за отворена ја прогласија директорот на македонскиот Центар во Софија Васко Шутаров и директорката на Музеј на Македонија Мирјана Нинчовска. Автор на изложбата е Марија Мурџева а ко-автор Орце Ниневски.
На изложбата се претставени 22 репродукции на фрески, кои датираат од периодот меѓу 10 и 14 век, а најстарата од нив е од црквата Св.15 Тивериополски маченици и потекнува од 10 век.
Препознатливи мотиви и композиции од Стариот и Новиот завет, литургиски сцени, ликови на црковни поглавари, просветители, локални светители, делови од нивните житија, поетски илустрации, теми со дидактичка порака, ктиторски композиции од Св.Софија во Охрид, Св Ѓорѓи-Курбиново, Св.Димитрија-Варош, Св.Никола-Варош, Св.Пантелејмон-Нерези, Св.Богородица-Дивје, Св.Богородица-Перивлепта Охрид, Св.Ѓорѓи-Старо Нагоричане, Св.Богородица-Елеуса, публиката во Софија ќе може да ги погледа до средината на месец јули.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.