| четврток, 6 декември 2018 |

Џони Деп се разведува со Амбер Херд

djoni-dep-se-razvejda-sled-15-meseca-brak-s-ambyr-hyrd-377298

Холивудската ѕвезда Џони Деп е на пат да се разведе од Амбер Херд, пренесува „Би-Би-Си“.

Сопругата на пиратот од Карибите во американскиот суд поднела документи  за престанок на бракот, кој беше склучен пред 15 месеци.

Како причина за разводот актерката посочила непремостливи разлики со нејзиниот партнер. Барањето е поднесено два дена по смртта на мајката на Деп, Бети Сју Палмер, коментира британскиот весник „Дејли мејл“.

Деп и Амбер се запознаа во 2011 година на снимањетона филмот „Дневници на румот“. Токму тоа беше причина за неговата разделба со француската актерка Ванеса Паради.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top