| четврток, 6 декември 2018 |

Решавањето на проблемите зависи од големината на мозокот

 

mozok
На Унверзитетот во Вајоминг неодамна е спроведен обемен научен експеримент со кој се докажува оваа теоретска претпоставка.
Професор Сара Бенсон Амрам од Катедрата за зоологија и психологија на Универзитетот во Вајоминг е раководител на најновото истражување со кое се докажа дека месојадни цицачи со мозок релативно поголем во однос на телото имаат поголема способност за решавање на проблеми.
Во истражувачката екипа учествувале и професори и истражувачи од државниот Универзитет во Мичиген и Минесота. Тие патувале низ целата земја на девет различни зоолошки зони и проучија 140 животински единки, припадници на 39 видови во ситуации на решавање на презентирани задачи и барање по решенија.
Меѓу тестираните видови биле поларни мечки, арктички фоки, тигри, волци, хиени, снежни леопарди и многу други. Секое животно било во ситуација да извади храна од затворена ментална кутија во рок од 30 минути.
За да дојде до храната било потребно да се помести затворачот со лизгање на страна за да се отвори кутијата. Во кутијата има омилена храна на одреден вид, па така црвената панда дојде до бамбусот, а снежниот леопард до шницлите. Се покажа дека животните со поголем мозок биле поуспешни во решавање на овој проблем, отколку оние со помала големина на мозок.
– По ваквото истражување со јасни резултати, можно е да се дојде до одговорот и подобро да се разбере зошто во текот на еволуцијата се развил поголемиот мозок кај некои животни видови – напомена професорката Бенсон Амрам.
Дали животните кои живеат во поголеми групи повеќе се способни за решавање на проблемите од животните на самотници или оние кои живеат во помали заедници, било уште едно теориско прашање со кое се занимавало ова истражување.
Многу истражувачи на примати ја поддржуваат таканаречената хипотеза за постоење на врска меѓу социјализацијата и поголем мозок врз основа на што се претпоставува дека поголемиот мозок подобро одговара на предизвиците од социјалниот домен, како и дека социјалната интелигенција е таа која дозволува на животните да ги предвидуваат ситуациите, да одговорат на предизвиците и дури да манипулираат со акциите на други единки во групата.
Анализата на резултатите на ова обемно и важно истражување не потврди таква претпоставка, затоа што немало индикации ни докази дека големината на групата во која живее единката има врска со успешното решавање на проблемот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top