Последиците од работата во смени се стареење на мозокот и намалување на интелектуалната способност, предупредуваат научниците.
Една студија на француски и велшки експертки објавена во списанието „Occupational and Enviromental Medicine“ сугерира дека лицата кои една деценија работеле во смени, што е спротивно на природниот дневно-ноќен ритам на организмот, имаат 6,5 години постар мозок од своите врсници. Штетните последици на работата во смени спротивни од биолошкиот телесен часовник се добро познати, од влијание на развојот на ракот во дојка до слепило.
Сега научниците од Универзитетот во Свансеај во Тулуз одлучиле да ги истражат последиците од од таквите смени врз мозокот. На тестовите за помнење, брзо размислување и други когнитивни способности учествувале 3.000 луѓе.
Мозокот природно назадува со годините, а работата во разни смени го забрзува тој процес, утврдија истражувачите, бидејќи луѓето со децениско искуство во работа на смени, на испитувањата имале исти резултати како и луѓето 6,5 години постари од нив.
Добрата вест, велат научниците е тоа што по престанувањето на работата во смени, мозокот се обновува. На мозокот за тоа му требаат пет години.
извор: kukuriku.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.