Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ во Скопје, на 26 мај (четврток) во 18 часот ќе биде промовирана книгата за деца под наслов „Понорница“ од Вера Симовска.
За најновото дело на авторката, ликовно-графички дизајнирано од уметникот Методија Николовски ќе зборува проф.д-р Јован Дамјановски. Промоцијата ќе биде збогатена со изложба на слики од младата Евгенија Трипуновска, а стихови ќе читаат ученици од основното училиште „Јан Амон Каменски “ од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.