| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „Семеен албум“ од Весна Мојсова-Чепишевска

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје има чест да Ве покани на промоција на книгата Семеен албум од Весна Мојсова-Чепишевска, добитник на наградата за литературна критика „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2015 година. За наградената книга ќе зборува проф. д-р Владимир Мартиновски.

Во рамките на промоцијата ќе бидат одбележани и 40 години од смртта на Димитар Митрев. За животот и делото на основоположникот на македонската книжевна критика ќе зборува Весна Мојсова – Чепишевска.

Настанот ќе се одржи на 26 мај 2016 година, во спомен – собата на Миладиновци во библиотеката, со почеток во 12.00 часот.

Весна Мојсова-Чепишевска е редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Член е на ДПМ и автор е на шест книги. Таа е приредувач на 7 антологии и автор на околу 240 објавени трудови во домашни и странски книжевни списанија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top