Најмалку 10 лица денеска беа убини, а тројца – ранети, при напад на бомбаш-самоубиец во предградието на авганистанската престолнина Кабул, пренесе ТАСС, повикувајќи се на локалната телевизија Толо Њуз.
Нападот бил извршен во месноста Пагман, којашто се наоѓа на неколку километри западно од Кабул.
Бомбашот-самоубиец се разнел во автобус којшто превезувал група правници, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.
До овој момент никој не ја презел одговорноста за нападот, којшто всушност е извршен на денот кога талибанците официјално потврдија дека нивниот лидер, мула Ахтар Мансур бил убиен при напад на американската авијација. Тие, меѓу другото, објавија и дека негов наследник ќе биде Хајбатула Ахунзада
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.