Западниот напад на Сирија нема да има никакво влијание на решеноста на сиријската војска во борба против екстремистите во воспоставување на контрола над целата земја, соопшти денеска сиријското Министерство за надворешни работи.
– Варварската агресија нема на ниту еден начин да се одрази на решеноста и упорноста на сирискиот народ и нивните херојски оружени сили – се наведува во соопштението, а го пренесува сириската државна новинска агенциија САНА.
Рано утринава САД, Велика Британија и Франција изведоа воздушни напади во Сирија во кои е погодена воздушната база западно од Дамаск, во близина на границата со Либан.
Нападот го погоди военото депо во источен Каламун, северозападно од Дамаск, локација во Масјаф, 170 километри северно од престолнината.
Сиријските медиуми јавија дека е погоден научно-истражувачкиот центар во Дамаск за кој Пентагон тврди дека е користен за развивање и производство на хемиско и биолошко оружје, пренесе „Ројтерс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)