| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени мртви сопружници во Прилеп

Вчера во 12.15 часот во Полициската станица Прилеп, од Итна медицинска помош било пријавено дека во стан на улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп била пронајдена почината И.Н.(76) со прострелна рана во главата, додека во заедничката просторија од зградата пронајден бил починат и нејзиниот сопруг М.Н. (81).

За време на увидот во станот бил пронајден пиштол „Застава“ калибар 9 мм, кој со дозвола го поседувал М.Н., потоа една испукана чаура, една празна рамка и една рамка со два куршуми.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле предадени за обдукција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top