Како и могу жени ширум светот и Кира (30) сакала да има уста како актерката Анџелина Џоли, но таа желба ја довела до тоа десет години да поминува низ вистински пекол.
Имено, Кира таа операција не можела себе си да си ја приушти, па затоа нејзинаат мајка и ја платила и, и ја исполнила желбата на својата ќерка.
– Бев во долга врска, а потоа тоа одеднаш пукна. По раскинувањето и спомнав на својата мајка дека би било добро да имам уста како Анџелина Џоли, на што таа одговорила дека тоа била одлична идеја. Операцијата беше подарок од мојата мајка за Божиќ, но откако почнав да примам инекција, веднаш почуствував дека нешто не е во ред, изјавила Кира.
По операцијата се тргна на лошо, а нејзините зголемени усни станале вистинска ноќна мора, Имено, по операцијата дошла до непосакуваниот ефект бидејќи силиконот не се разлил во нејзините усни, што довело до тоа Кира не била во состојба десет години да ја затвори својата уста бидејќи и биле преголеми.
Но, по десет години одлучила повеќе да не се мачи, па по советите на докторите решила конечно да ги извади силиконите од усните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!
-
Грчкиот претседател имаше успешна операција на срцето