За да се избегнат големи инциденти помеѓу две различни навивачки групи, организаторот на претстојното ЕП во Франција, размислува да забрани алкохол за навивачите на Англија и Велс, пред нивните натпревари на ЕП во Ленс. Навивачите на овие две селекции се доста озлогласени во навивачкиот свет, па нема да може да конзумираат алкохол на 24 часа пред натпреварот.
Организаторите се надеваат дека со овие мерки ќе влијаат на страстите на навивачите, кои сериозно растат како што наближува ЕП. Француската полиција уредно ќе ги контролира навивачите кои ќе имаат влезници за натпреварот, а тие кои ќе бидат под дејство на алкохол ќе бидат парично казнети.
По терористичките напади во Франција на крајот од годината, организаторот Франција, сака да не остави ништо на случајноста и сака се да мине во најдобро светло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Саем за студии во Франција
-
Невреме го зафати јужниот дел на Франција, најмалку шест жртви (Видео)
-
Шок во Франција: Министерот за животна средина си даде оставка во емисија во живо
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор