Вардар го победи Силекс со 2-1, во вториот денешен меч од 27. коло во Првата македонска лига, а премиерата беше во Кичево попладнево, со убедлив триумф на Шкендија против Напредок со 3-0.
До почетокот на утрешните натпревари, Вардар ќе биде лидер на табелата, со 52 бода, два повеќе од Турново.
Силекс, вечерва под рефлектори на арената „Филип втори“ одлично му парираше на шампионот Вардар, дури и поведе со погодокот на Николчо Ѓорѓиев, од 25 метри во 74. минута, но не издржа докрај. Домашните не дозволија изненадување и со головите на Борче Маневски, само 60 секунди подоцна и на Јован Костовски во 82. минута, победија со 2-1.
Во Кичево, Шкендија го продолжи постот на Напредок, екипа што нема победа цели 8 кола. Со головите на Музафер Ејупи за само 60 секунди, гостите од Тетово најавија победа во 32. и 33. минута. Домаќините ги докусури Шаќири со погодок во 44. минута. Шкендија ја задржа четвртата позиција со 42 бода, а Напредок е зад неа со 37. бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


