По повод денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, 24 мај, во НУ Музеј Куманово ќе биде поставена филателистика изложба на д-р Бранислав Светозаревиќ. Изложбата под наслов „Светите браќа Кирил и Медотиј – сесловенски просветители“ ќе биде отворена на 23 мај (понеделник) во 19.00 часот во галеријата на музејот.
Д-р Бранислав Светозаревиќ (1966) е истакнат колекционер и автор на бројни научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата. Зад неговото име стојат повеќе од 20 фотографски, филателистички и картофилски изложби на историски, културни и спортски теми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.