| четврток, 6 декември 2018 |

Нема фајналфор за Лазаров и Атлетико

Кирил Лазаров  настапи за Атлетико Мадрид, даде 7 гола во реваншот против Барселона, но за нив нема настап на фајналфор турнирот во Келн, по вечерашниот пораз од 24-32. Како недоволна се покажа предноста на Атлетико од првиот меч, кога славеше со 25-20. Барселона му се приклучи на Кил на завршниот турнир на 1. и 2. јуни во Келн, а останува да се дознаат уште два патници за Германија. Металург ќе „брка“ негатива од два гола во Полска против Кјелце, а Хамбург има предност од 6 гола против Фленсбург.

 

Барселона стартуваше фуриозно во реваншот, Шариќ беше несовладлив, а разликата постојано растеше. Со серија од 8-0, домаќините поведоа со 11-3 во 20. минута од играта. Српскиот репрезентативен голман само во првото полувреме имаше 11 одбрани, вкупно 20 мечот и беше најзаслужен за победата. Рутенка даде 12 гола, а Барселона го корегираше ланскиот кикс кога не успае да се пласира на завршниот турнир. Кај гостите од Мадрид одлично одигра Агинагалде со 12 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top