Во рамките на десеттомната едиција посветена на Античката философија и нејзиното влијание од академик Витомир Митевски, во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излегоа од печат првите две книги.
Во првата книга авторот ја обработува темата за почетоците на западната филозофија (претсократовци), а втората книга е научно монографско издание посветено на делото на Сократ.
Според Витомир Митевски, основната идеја на едицијата е да понуди сеопфатен поглед на темелните вредности на античката философија. Притоа во овие книги се презентира она што на еден субјективен план е најзначајно и кое извршило силно влијание врз развојните историски процеси и философски текови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.