Во рамките на 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“, во Домот на култура „Илинден“ беше промовирано македонското издание на поетската книга „Сончев појас-осамени стихови“ на поетот од Бугарија, Владимир Луков.
Промотивна реч за поезијата на Луков одржа Александра Јуруковска.
Во своето обраќање пред присутните авторот, Владимир Луков, изјави дека ова е негова трета книга преведена на македонски јазик. Токму затоа, како што рече, тој веќе се чувствува како бугарски и македонски писател.
Манифестација Илинден 2016 оваа година се истакна со својата богата програма која беше распоредена во 5 дена. Годинава имавме 25 писатели од Македонија и од балканските држави, бројка која што навистина е голема за настан од ваков тип.
Манифестацијата, покрај другото, беше збогатена со промоции на книги од повеќемина автори. За истакнување беше промоцијата на антологијата на македонската поезија за деца „Сончево огледало“ од Раде Силјан, потоа романот „Мемоарите на една млечка“ на Блаже Миневски, како и неколкуте промоции на книги од млади македонски автори.
Во рамките на манифестацијата беа одбележани и осумдесет години од раѓањето на современите македонски писатели Оливера Николова, Иван Чаповски и Михаил Ренџов кои што оставија неизбришлива трага во македонската литература.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.