
Рома и официјално потврди дека Франческо Тоти и следната сезона ќе игра во дресот на единствениот клуб за кој играл во својата богата кариера.
39-годишниот „Принц на Рим“ во Рома е од 1992 година, со неа стигна и до титулата шампион на Италија, како капитен сруши бројни рекорди, а ова лето му завршува и последниот договор. Иако поради судирот со тренерот Спалети беше пред заминување, па и пензија, сепак управата на клубот, на барање и на навивачите, успеа да го договори на уште една година соработка.
– Тоти ќе продолжи да игра за Рома и долго ќе остане член на црвено-жолтото семејство – изјави директорот на клубот, Мауро Балдисони за официјалната интернет страница на Рома.
Официјална објава на новиот договор се очекува до крајот на месецот. Според најавите, на крајот од следната сезона ќе преземе некоја од тренерските улоги во Рома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)


